Мајкрософт стана жртва на хакерски напад, сличен како на нападите Фејсбук и Епл, соопшти софтверскиот гигант.
Уверуват дека нема укажувања оти се погодени податоци на муштерии. Портпарол на Мајкрософт не сакаше да даде натамошни коментари за нападот.
Епл во вторникот соопшти дека хакери успеале „да влезат во мал број компјутери“ на негови соработници.
Фејсбук пред една недела соопшти дека бил цел на ваков напад.