Продукциската куќа ТИМС објави дека ќе се снима и четврта сезона на популарната серија „Сулејман Величествениот“.
Продукциската куќа одлучи да ги израдува своите верни гледачи со веста дека ќе има барем уште една сезона од оваа мегапопуларна серија.
Четвртата сезона ќе се снима и ќе се прикажува во Турција од август оваа година до април 2014. година, и покрај настојувањата на турскиот премиер да ја укине серијата.
Пресуди популарноста на серијата која се следи в дури 53 земји.