• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Десет лица осомничени за фалсификување документи за потрошувачки кредити

by А1он01/06/2019 - 21:37372
Share0

Отворена е истражна постапка за десет лица осомничени дека со фалсификување документи за потрошувачки кредити ја оштетите прилепската филијала на Комерцијална банка ад Скопје. На седум лица им е одреден притвро, а за тројца се изречени мерки на претпазливост.

Добивај вести на вибер

Јавното обвинителство вечерва соопшти дека десет лица се опфатени со наредби за поведување истражни постапки донесени од Основното јавно обвинителство Прилеп, по поднесени кривични пријави од Министерството за внатрешни работи. Во одделни настани, но на ист начин, со намера да прибават противправна имотна корист со лажно прикажување на факти ги довеле и ги оддржувале во заблуда вработените во оштетената Комерцијална Банка ад Скопје – филијала Прилеп, соопшти Јавното обвинителство.

-Петмина од осомничените се јавиле како апликанти за добивање на потрошувачки кредити, но со поднесување на фалсификувани документи. Со помош на другите петмина биле изработувани лажни документи за наводно постоење на работен однос на секој од апликантите во различни правни субјекти. Иако никогаш апликантите не биле вработени кај тие правни субјети, со употреба на печати и штембили секој од нив добил документи како да е вработен во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ЕВН Македонија, МЕПСО АД Скопје или во Реплек Фарм Скопје, информираат од Обвинителството.

Преку извршената измама, оштетената банка на четири апликации одговорила позитивно и одобрила потрошувачки кредити и тоа три во висина на 1.500.000 денари и еден во висина на 1.399.954 денари.

Со дејствијата кои ги презеле осомничените извршиле кривични дела Измама од член 247 и Фалсификување исправа од член 378 од Кривичниот законик.

Основното јавно обвинителство Прилеп поведувајќи постапка до Судија на претходна постапка при Основниот суд Прилеп достави и предлози за определување мерки за обезбедување присуство на осомничените. Предлогот на обвинителството е прифатен и судот на седуммина осомничени им определи мерка притво, додека на тројца осомничени им се определени мерки на претпазливост, се вели во соопштението.

obvinitelstvo

Би можело да ве интересира

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ18/01/2026 - 18:5418/01/2026 - 20:37

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Горан Наумовски15/01/2026 - 18:55

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај

Горан Наумовски10/01/2026 - 17:53

Со потерница ќе се бара 18-годишниот бегалец кој ја прегази Љуба Јаковлеска

Горан Наумовски10/01/2026 - 15:2910/01/2026 - 15:58

СДСМ: Обвинителството мора да постапи за спорниот тендер од 1,2 милиони евра

Горан Наумовски30/12/2025 - 16:58

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Горан Наумовски30/12/2025 - 15:13
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен