Обвинителство: Загинатите во Чаир се браќа, повредениот им е роднина, а копал и таткото на настраданите

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје по увидот во Чаир, каде што напладне две лица починаа при вршење ископ, извести дека учесниците во несреќата се роднини.

Несреќата се случила откако бил направен ископ на потегот од станбена зграда до улицата Ресенска со цел поставување на одводна канализација.

„Четири лица, татко, двајца синови и близок роднина, копајќи во близина на паркинг, ги поместиле плочките бекатон и ископале дупка за поставување на цевките. Во моментот кога во ископот се симнале три лица, се урнала дел од земјата која била околу ископот, при тоа затрупувајќи целосно две лица. Од настанатите повреди браќата, на возраст од 26 и 28 години починале на лице место. Третото лице, нивен роднина кој бил со нив во ровот бил делумно затрупан и се здобил со телесни повреди“, велат од Обвинителството.

Во насока на расчистување на настанот и утврдување на причините за несреќата и смртта на двајцата браќа, јавниот обвинител издал наредба за прибирање на податоци во врска со постоењето на градежна дозвола за вршење ископ, во однос на инвеститорот , како и изведувачот на работите. Издадена е и наредба за вршење на обдукција на телата на починатите. На лице место биле повикани и службени лица од Државниот инспекторат за труд.

Дејствијата кои се преземаат од Основното јавно обвинителство Скопје ќе продолжат во континуитет се до целосно расчистување на кривично правниот настан.​

Увид на лице место направија и инспектори од Општина Чаир кои констатираа дека изведувачот немал дозвола за градежните работи и градел во неработен ден.

Би можело да ве интересира

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он