Папата Франциск пристигна во Трансилванија, собрани околу 80.000 луѓе

Од:

Папата Франциск, кој е во посета на Романија, денеска пристигна во Мијеркуреја Чук, Трансилванија, каде се сретна со претставници на католичките заедници и го посети најголемото унгарско светилиште Сумулеу Чук.

Како што пренесуваат романските медиуми, десетици илјади католички верници, на дождливо време, го дочекаа Папата, а агенцијата Агерпрес наведува дека се собрале околу 80.000 луѓе.

Папата Франциск ќе одржи миса во манастирот Св. Марија, а меѓу присутните е и романската премиерка Виорика Данчила и неколку министри, како и унгарскиот претседател Јанош Адер, кој со сопругата е во приватна посета на Романија.

Поради лошите временските услови, бура со дожд и грмотевици, Папата мораше да го смени планот за патување, така што наместо со хеликоптер пристигна со автомобил преку планината Карпати, со тричасовно возење.

Оттаму исто така со автомобил ќе отпатува за Таргу Муреш, од каде со авион за Јаши, во Молдавија, пред враќањето во Букурешт.

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска