Министерот за одбрана на Јужна Кореја Џеон Киеон – ду не прифати да го зголеми притисокот врз Северна Кореја поради ракетните тестови минатиот месец, се додека не се види точно за какви тестови се работи.
Џеон на безбедносната конференција во Сингапур изјави дека во тек е истрагата за тестовите и дека наскоро ќе има заклучоци за тоа.
– Разговараме за тоа дали станува збор за балистички ракети со краток домен. Постои мислење дека се работи за руската ракета „Искандер“ или за нова тактичко-балистичка ракета. Има податоци кои ги проверуваме за точно да утврдиме за што се работи, рече Џеон.
Тој смета дека Северна Кореја не ја поминала границата со тестирањето ракети и додаде дека тензијата меѓу двете војски значително е намалена.
– За сега, режимот на Северна Кореја има намера да се спроведе мировен процес преку дијалог и преговори, рече Џеон.
Јужнокорејскиот министер за одбрана ја повика меѓународната заедница да ја охрабри Северна Кореја дека денуклеаризацијата на Корејскиот полуостров е правилна одлука.