Груевски се повлекува од пратеничката функција

Од:

Никола Груевски, пратеник и поранешен премиер, кој доби политички азил во Унгарија денеска преку својот профил на социјалната мрежа Фејсбук најави оставка на пратеничката функција, откако минатата недела Парламентот почна постапка за одземање на неговиот мандат по шестмесечно отсуство.

„Целта легално да ми го одземат мандатот е јасно дека е неостварлива. И според уставот на Македонија и според меѓународните прописи, но и според неподлегнувањето на притисокот на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои на комисијата за мандатно имунитетни прашања не подлегнаа на притисоците и пропагандата и им одржаа лекција по меѓународно право и уставно право на нивните колеги од власта кои во отсуство на аргументи расправата ја сведоа на „маалска дискусија за политика на клупа пред зграда“ во текот на расправата на комисијата“, напиша Груевски.

Тој додаде дека нема да дозволи ВМРО-ДПМНЕ и пратениците заради него и неговиот мандат да бидат изложени на било какви притисоци, на како што вели „лажна пропаганда, на непријатности и на медиумски линч од страна на власта и нејзините апологети“.

– Не сакам понатаму ниту да дадам можност на СДСМ користејќи ја оваа тема да ги избегнува дебатите за суштинските теми и проблеми кои го засегаат народот и да ги задскрива своите криминални политики, пишува поранешниот премиер.

Груевски наведува дека за оставката формално правно Парламентот ќе го извести во наредните денови и им се заблагодарува на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои, како што вели, издржале на принципиелните позиции што се во согласност со Уставот и меѓународното право и не потклекнале на притисоците.

„Оттука, одлучив да се повлечам од пратеничката функција а за истото формално правно парламентот ќе го известам во наредните денови. Им благодарам на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ што издржаа на принципиелните позиции кои се во склад со уставот и меѓународното право и не потклекнаа на притисоците. Посебно благодарност до илјадниците граѓани кои на различни начини, преку лични контакти или преку социјалните мрежи во изминатите денови ми даваа огромна подршка и покрај сиот притисок и неправди, покрај сите лажни пропаганди и лични ризици, покажаа дека чувството за правда и правичност, отпор, неприфаќање и бунтовност пред неправдата, останува водилка на македонскиот народ и граѓани, колку и инсталиранста власт да промовира поинакви и спротивни на овие вредности“, додаде Груевски.

Во статусот на Фејсбук, Груевски не објавува како ќе ја достави оставката до претседателот на Парламентот Талат Џафери имајќи предвид дека тој е во Будимпешта.

Претседателот на Собранието Џафери најави дека од 10 јуни треба да се одржи нова седница на која по одлуката на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања треба да се гласа со двотретинско мнозинство за одземање на мандатот на Груевски.

За оваа одлука на Комисијата гласаа петмина пратеници од владејачките партии додека нивните колеги од матичната партија на Груевски ВМРО-ДПМНЕ не се изјаснија воопшто. Беа на ставот дека не може да му се одземе мандат на пратеник кој во земја членка на ЕУ добил политички азил поради прогон.

Би можело да ве интересира

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

A1on