Словачки полицајци застрелаa маж кој им се заканувал со нож

Од:

Припадници на словачката полиција денеска во центарот на Братислава ранија маж вооружен со нож, кој им се заканувал дека ќе ги убие, објавија словачкиот портал СМЕ, повикувајќи се изјави на очевидци на настанот.

Полицијата го потврди инцидентот, додавајќи дека е покрената истрага за настанот, што се случил во улица во стариот дел на Братислава, позната по големиот број продавници.

– Една маж е застрелан, случајот е под истрага, изјави портпаролката на управата на полицијата во Братислава, Вероника Сламкова.

Очевидци на настанот изјавија дека полицајците му пришле на мажот кој се однесувал агресивно, по што тој извадил нож и почнал да им се заканува дека ќе ги убие. Кога мажот се упатил кон полицајците, тие отвориле оган кон него и го раниле со два истрели.

Полицијата информира дека состојбата е под контрола и дека во инцидентот е ранет само еден „агресивен маж“.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Универзитети во Словачка добиваат закани за бомби

Горан Наумовски

Масакр во училиште во Словачка: Има мртви и повредени

Словачка: Ученик со нож уби две лица, има и повредени

Горан Наумовски

Фицо: Словачка ќе и возврати на Украина

Словачка протера двајца осомничени за планирање напади на енергетски објекти