Во Милано, Италија, на силниот меѓународен турнир во рамки на Европското првенство во БЏЏ, Milan Intrernational Pro македонската репрезентација за бразилска џиу џица направи голем успех.
– Од вкупно 40 држави учесници на турнирот, ние како држава завршивме на 5 место, додека пак од 78 тима, клубот „Д Стронгест & РУТС БЏЏ“ од Кисела Вода заврши на 7 место. За нашата држава 12 натпреварувачи се бореа во две дисциплини, борби со кимоно и борби без кимоно. Oсвоивме 11 медали, од кои: 4 златни, 4 сребрени и 3 бронзени – изјави селекторот на репрезентацијата, Ивица Алексовски.