Воденски победник во џиу-џицу турнир во Германија

Од:

Македонскиот вундеркинд Кристијан Воденски кој долги години се натпреварува во детските лиги во Германија во повеќе боречки вештини, освои нов медал. Овој пат тој беше најдобар во бразилско џиу-џицу за натпреварувачи до 48,3 килограми.

– Се натпреварував како дел од тимот на „Pyranha“ под водство на тренерот Омар Пикјоти. Првото место го освоив во категоријата У-16 на турнирот „Ултимејт Бетл Трејлс“. Редовно имам борби со мојот тим и најчесто победувам на натпреварите, вели Воденски.

Воденски поради повреда една година паузираше, а на борбите им се врати на почетокот на септември 2019 година.

Кристијан Воденски со семејството долги години живее во градот Офенбах, Германија и е германски НАГА шампион во сезоните 2014, 2015 и 2016.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Борец спречи киднапирање на дете со неверојатна реакција: Го врза киднаперот во јазол

Предраг Петровиќ

Кристијан Воденски првак во бразилско џиу-џицу во Германија

Ана Ололовска

Членови на „Д Стронгест & РУТС БЏЏ“ од Кисела Вода во Италија освоија 11 медали

Ана Ололовска

Членови на клубот „Д Стронгест“ од Кисела Вода во Рим освоија 15 медали

Ана Ололовска

Темелковски го означи почетокот на Меѓународниот турнир во џиу-џица „Скопје опен“

Ана Ололовска

Дан Кју победник на Купот на Македонија во џиу џица

Ана Ололовска