Темелковски го означи почетокот на Меѓународниот турнир во џиу-џица „Скопје опен“

Од:

Денес, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски свечено го отвори Меѓународниот турнир во џиу-џица „Скопје опен“.

Во своето обраќање Темелковски ги поздрави учесниците на овој турнир и им посака успешно натпреварување. Покрај ова, градоначалникот нагласи дека му претставуваа особена чест и задоволство што овој турнир се одржува во Кисела Вода.

Дел од овој голем спортски настан во спортската сала „Независна Македонија“ заедно со градоначалникот Темелковски проследија секретарот, Александар Алексовски и претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ.

На овој турнир кој се одржува по деветти пат во Македонија учествуваат 250 спортисти од 25 клуба од 10 земји: Словенија, Турција, Бугарија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Р. Српска, Албанија, Грција и од Македонија.

Додека, на борилиштата правдата ја делат 16 интернационални судии. Воедно, настанот со своето присуство го збогатија ученици од ООУ „Св. Климент Охридски“ од Драчево, кои на почетокот ја интонираа македонската химна.

Влезот за посетителите е бесплатен.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Борец спречи киднапирање на дете со неверојатна реакција: Го врза киднаперот во јазол

Предраг Петровиќ

Кристијан Воденски првак во бразилско џиу-џицу во Германија

Ана Ололовска

Воденски победник во џиу-џицу турнир во Германија

Ана Ололовска

Членови на „Д Стронгест & РУТС БЏЏ“ од Кисела Вода во Италија освоија 11 медали

Ана Ололовска

Членови на клубот „Д Стронгест“ од Кисела Вода во Рим освоија 15 медали

Ана Ололовска

Дан Кју победник на Купот на Македонија во џиу џица

Ана Ололовска