ВИДЕО: Само на воени зони им се случува вакво дивеење како во Охрид

Од:

Од мигот кога УНЕСКО алармираше дека Охридскиот Регион може да го загуби статусот на заштитено подрачје како ретко културно и природно богатство до денес се издадени уште близу 1.000 дозволи за градби кои го уништуваат урбанистичкиот и природниот изглед на регионот, а културното наследство пропаѓа. Ова многугодишно градежно дивеење новата власт можеше да го стопира, децидни се активистите од еколошките иницијативи и здруженија но наместо тоа, таа продолжи со истото беззаконие.

Сосема едногласни се Александра Бујароска од „Гронт 21/42“ и Драгана Велковска од „Охрид  СОС“ дека  предлог-законот што  пред неколку дена помина на владината седница а со кој се предвидуваат низа мерки за управување со културното и природното богатсво на Охридскиот Регион ќе биде само парче хартија кое нема да го заштити културното и природното богатство.

Според нив, оваа недоверба во надлежните институции произлегува од анализите на самиот терен кои покажуваат дека сите досегашни надлежни и одговорни лица ја злоупотребле својата должност, а никој од нив не понел одговорност.

„Од ветувањата за правна држава што ги пласираше оваа власт во предизборниот период до денес нема ништо. Никој никогаш не одговараше за урбанистичкто силување на Охрид иако на сите документи стои потпис на некои одговорни лица. Во самата локална власт, членови на општини има луѓе кои имаат градежни фирни и градат без документи. Никој не може да се спротивстави на урбаната мафија, бизнис-интересите во спрега со власта“, сметаат активистките.

Анализите за состојбите до УНЕСКО ги испратиле активистите и се чини тие единствено се борат да се спречи овој регион сосема да се уништи.

Од 54 земји за кои УНЕСКО дал црвен картон за грижата кон култрното и природното богатство, 80 отсто се зони што се наоѓаат во некој воен конфликт.

„Како да се објасни податокот дека овој срам за толкава негрижа од човечки фактор им се случува на подрачја во кои има закана од воен конфликт. Ова е само уште една потврда дека сме заложници на корупцијата и безмилосните бизнис-интереси, несовесни политичари и бесправна држава“, зборуваат отворено во дебатата Велковска и Бујароска.

 

Би можело да ве интересира

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, уапсено е само едно лице