„Во очи на најавените смени на најмалку 25 директори на јавни претпријатија со нови партиски поданици, партијата Глас за Македонија најостро реагира на овој вулгарен принцип со кој сите наши институции остануваат заробени во рацете на владеачката коалиција.
Со овие девијантни практики на владеење, Владата само не оддалечува од ЕУ и не внесува во кругот на земји каде владеат султани.
На оваа Влада полесно и беше да обезличи еден цел народ, одошто да направи клучни реформи во политичкиот систем кој не уништува по секоја основа.
На оваа Влада полесно и е да се моли и ведне ‘рбет пред институциите на ЕУ, одошто да спроведе на прав начин суштински реформи од кои граѓаните ќе се чувствуваат еднакви и слободни.
На оваа Влада не и паѓа на ум да ги спроведе препораките на Прибе, во кој се крстеше кога беше опозиција и заробените институции не ги вадеше од уста. Клучна забелешка во тој извештај беше токму грубата и невидена партизација на институциите.
Партија не смее да именува, ниту да разрешува директори на јавни претпријатија кои им припаѓаат на сите граѓани.
Секој граѓанин, без разлика на која партија припаѓа или пак воопшто не припаѓа, мораат да имаат еднаква шанса за пристап до јавните претпријатија, а квалификациите и искуството со системите, мораат да бидат единствен критериум за негов избор на отворен конкурс.
Глас за Македонија ветува дека кога ќе дојде на власт, веднаш ќе ги промени законите кои се правени да се легализира кражбата на институциите кои се од јавен интерес. Никогаш повеќе партиите на власт нема да можат да поставуваат свои луѓе. Институциите им припаѓаат на граѓаните, не на партиите. Јавниот интерес мора да биде над партискиот!“, се вели во соопштението на Глас за Македонија.