Потпретседателот на Венецуела Николас Мадуро, со уште неколку владини претставници синоќа го посетиле претседателот Уго Чавез кој сеуште заздравува од последната операција, по која имаше и компликации.
Во интервју за една телевизија, Мадуро изјавил дека Чавез сеуште не може да говори поради респираторната инфекција па со нив комуницирал преку пишани пораки.
Тој додаде дека Чавез бил многу „енергичен“ и покажал силна волја. Чавез во понеделникот се врати во Каракас по четвртата операција на Куба каде што скоро два месеца мина во болница.