Планинари на марш до врвот „Борис Трајковски” на Беласица

Од:

По овод деветгодишнината од авионската несреќа во која загина претседателот Борис Трајковски, планинари од Струмица и Радвиш денеска тргнаа на марш по падинете на Беласица до врвот кој го носи неговото име.

– Годинава на овој марш ќе ни се придружат и планинари од Петрич, Сандански и Софија од соседна Бугарија, кои ќе тргнат од Петрич и заедно ќе се сретнеме и логоруваме на врвот Борис Трајковски, кој е висок 1880 метри, изјави организаторот на маршот Коле Ристов.

Денеска, 18 планинари од струмички „Ентузијаст”, заедно со планинарите од Неготино, Гевгелија и Пехчево, ќе ја поминат втората етапа Дедино-Ѓуриште од осмиот Меморијален марш „Борис Трајковски 2013”.

Маршот ќе заврши во вторник на 26-ти февруари, на вечното почивалиште на претседателот Трајковски, каде што симболично, со полагање цвеќе, ќе ги му искажат почит од неговата родна Струмица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите