Американската хуманитарна помош за венецуелските граѓани ќе биде поделена во Колумбија, соопштија колумбиски официјални претставници.
Владата на Колумбија објави дека одлуката ја донела во консултација со американски претставници и водачот на опозицијата во Венецуела Хуан Гуаидо, поради постојаното блокирање на хуманитарната помош од страна на претседателот на Венецуела Николас Мадуро.
Хуманитарната помош ќе добијат околу 1,2 милиони жители на Венецуела, кои ја преминале колумбиската граница. Хуманитарна помош ќе биде доделена и за сиромашните жители на Колумбија.