Гугл промовира нови футуристички хај-тек очила за кои оние што ги испробале тврдат дека не е прашање дали туку кога луѓето масовно ќе ги носат.
Очилата имаат мал екран во горниот десен агол преку кој се достапни многубројни информации. Операциите се активираат со допир и со зборовите „ОК очила“.
Со нив главно се управува со говорни наредби, имаат ГПС, Вај-фај и Блутут, како и можност за поврзување со интернет. Најимпресивна е опцијата за снимање фотографии и видеозаписи.
Очилата на Гугл се уште се во фаза на тестирање и според најавите на тимот што работи на нив, би можеле да се најдат во продажба до крајот на годинава.