Палеонтолозите во Русија пронајдоа остатоци од редок вид на јужен мамут, праисториско животно кое било високо четир метри со бивни долги над еден метар.
Тоа е осмо комплетно сочуван скелет на овој вид мамут, кој изумре пред 700.000 години. Четири се откриени во Русија, два во Италија, еден во Франција, а еден во Србија.
Наоѓалиштето, во кое истражувачите очекуваат да најдат скелети од повеќе мамути, настана со уривањето на брег на реката во областа Кабардино-Балкарија, Република Кавказ.
Поголемиот број видови биле со големина на денешниот слон. Живееле пред 4,8 милиони години до пред 3500 година.