Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, вчеравечер заедно со дел од членовите при Советот беше дел од Ифтар вечерата, за верниците од исламска вероисповед, во Долно Нерези.
Во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, овие празнични моменти потсетуваат на заедништво, слога и споделување на пријатни моменти со најблиските.
Градоначалникот Богоев го истакна и добриот меѓуетнички соживот што го негуваат граѓаните од овој дел на Карпош.
– Навистина ми е задоволство што сте пример за почитување на различностите. Затоа, кога се одбележуваат различни празници често пати присуствуваат и претставници од други верски заедници. Нерези и нережани се потврда дека сите може да живееме сложно и заедно, еден до друг, рече Богоев.