(ВИДЕО) Протест на велосипедистите: Разочарани сме од Шилегов, бараме подобри услови на улиците

Од:

Револтирани од актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов поголем број велосипедисти предводени од иницијативата „На точак“ денеска излегоа на десет километарски протест по скопските булевари барајќи подобри услови за велосипедистите низ скопските улици.

Тие велат дека по седум години од почетокот на иницијативата „Критична маса“ преку која ги критикуваат институциите и предлагаат решенија за велосипедистите, не се задоволни од динамиката со која треба наводно да се подобрат условите за возење велосипед како превоз на сите граѓани.

Велосипедистите имаат повеќе барања до градските власти меѓу кои и донесување правилник за проектирање на велосипедска инфраструктруа и донесување план за оддржлива мобилност, стратегија за велосипедски сообраќај на државно ниво, посовремен автоматизиран систем за изнајмување велосипеди во Скопје, задолжителен паркинг за велосипеди на сите објекти исто како што е задолжителен паркингот за автомобилите, физички мерки за смирување на сообраќајот на сите улици низ цела држава, фокус на сообраќајната полиција на најсмртоносните прекршоци како брзото возење и поврзување на Скопје по целата должина на реката Вардар од двете страни од западниот до источниот крај на градот.

„Не сме задоволни со динамиката со која се спроведува договорот на Град Скопје за подобрување на условите за возење велосипед во главниот град. Веќе седум години заедно возиме на скопските улици, седум години пишуваме, критикуваме и предлагаме нови решенија и ги контактираме институциите од каде и не сме баш задоволни од досегашната работа поврана со велосипедистите“, велат Искра Ристовска и Снежана Дoмазетовска од иницијативата „Критична маса“.

Велосипедистите кои денеска се собраа на плоштадот во знак на потест ќе извозат 10 километри низ скопските булевари, а рутата ќе ја завршат во градскиот парк.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје

Инцидент на блокадата во Нови Сад: Беа кренати знамињата на ЕУ, па започна турканица

Горан Наумовски

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Нов протест поради трагедијата во Нови Сад, се бараат оставки: „Народот е гладен за правда“

Горан Наумовски

Протест на опозицијата во Белград

(ВИДЕО) Протест во Нови Сад, градот е полн со полиција