Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, планира да присуствува на Меѓународниот економски форум во рускиот град Санкт Петербург.
Петербуршкиот меѓународен економски форум, кој традиционално се одржува еднаш годишно во јуни, годинава е од 6 до 8 јуни, е познат уште и како „руски Давос“.
Претходно, Администрацијата во Вашингтон соопшти дека нема да испраќа своја делегација на форумот, поради тоа што Русија го продолжи кривичниот прогон на Мајкл Калви, американски државјанин кој живее и работи во Русија и кој е раководител на инвестицискиот фонд „Баринг Восток“.
Калви е обвинет за финансиски махинации и до недамна беше во притвор во Москва. По наредба на судија, тој беше пуштен во домашен притвор.