Разрешениот Беља е правосилно осуден на условна казна затвор од 1,5 година за поседување муниција

Од:

Разрешениот економски директор на Клиниката за гинекологија, Ваљон Беља, е правосилно осуден на казна затвор од 1,5 години за неовластена изработка, држење и трговија со оружје, потврдија на прашање на „А1 он“ од скопското јавно обвинителство.

Беља признал вина пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје и му била определена условна затворска казна од 18 месеци, ако во рок од 3 години не го повтори делото. Правосилната пресуда за Беља, според информациите на „А1 он“, судот ја донел на 4 декември 2017 година. Тоа значи дека затворската казна за него може да се активира до 2020 година. Беља бил осуден бидејќи МВР при претресот во неговиот дом пронашла 3 куршуми.

Од обвинителството потврдија дека по спроведени низа истражни дејствија и сослушани сведоци ја отфрлиле кривичната пријава против 10 лица, меѓу кои и за Ваљон Беља, кои биле пријавени за настан од 6 јуни 2016 година. Тогаш Беља, заедно со уште неколку лица, дошол во општината и го барал градоначалникот за да расчитат некаков проблем. Меџити не бил во канцеларијата, а Беља оставил куршум во салфетка.

Меџити и покрај уредните покани, ниту еднаш не се појавил како сведок оштетен во предметот да појасни што се случило, по што скопскот ообвинителство ја отфрлило кривичната пријава, поради непостоење основи дека е сторено кривичното дело. Десетте лица, меѓу кои и Беља, биле пријавени дека сториле кривично дело загрозување на сигурноста.

Министерот за здравство, Венко Филипче, вчера го разреши Беља поради несоодветен јавен настап и нарушени меѓучовечки односи.

Би можело да ве интересира

Ирена Алексиоска Папестиев нова директорка на ГАК

Викторија Јовановска останува директорка на Клиниката за Гинекологија

A1on

Раката на бебето повредено на ГАК е имобилизирана, првична проценка на Комисијата е дека нема стручна грешка

ВМРО-ДПМНЕ: Три скандали на Гинекологија за една недела, никогаш не било полошо

Почина родилка од Делчево на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје

Горан Наумовски

Бебето Едон родено со 940 грама си замина дома по 77 дена поминати на ГАК