Инфлацијата во Венецуела лани била 130.060 отсто, тврди Централната банка

Од:

Инфлацијата во Венецуела во 2018 година била 130.060 отсто, а меѓу 2013 и 2018 година економијата се намалила за 47,6 отсто, се нагласува во податоците на Централната банка. Тоа се први податоци објавени за изминатите три години.

Според банката, во 2016 година инфлацијатабила 274,4 отсто, во 2017 година – 862,6 отсто, а во 2018 година – 130.060 отсто.

ММФ тврди дека лани инфлацијата во Венецуела била милион и 370.000 отсто. За 2019 година, ММФ прогнозира инфлација од 10 милиони отсто.

Централната банка соопшти дека во 2018 година извозот на нафта е намален до 29,81 милијарди долари. Околу 96 отсто од приходите на државата се од извоз на нафта.

Во 2013 година тие приходи биле 85,603 милијарди долари, во 2014 година – 71,732 милијарди долари кога и почна економската криза во Венецуела. Банката пред три години престана со објавување податоци без да посочи причина.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски