Џаред Кушнер, високиот советник на американскиот претседател Доналд Трамп, се наоѓа на Блискиот исток за да обезбеди поддршка за својот, се уште необјавен, израелско-палестински мировен план.
Кушнер во моментов е во Мароко, по што е планирана посета на Јордан и Израел.
Посетата се случува во време кога САД се подготвуваат да го објават економскиот дел од планот на конференцијата во Бахреин, кон крајот на јуни. Палестинците веќе го отфрлија мировниот план и побараа од арапските земји да не присуствуваат на конференцијата, но се очекуваат претставници на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Катар.