Албанија лани извезуваше, годинава увезува струја

Од:

Неповолната хидрологија во изминатите месеци од годинава услови многу помало производство во албанските хидроелектрани, поради што земјата од извозник лани, годинава стана увозник на електрична енергија.

Енергетската криза што ја погоди Албанија во првите месеци од годинава ја потврдуваат официјалните податоци на Институтот за статстика, ИНСТАТ.

Во објавениот извештај се забележува дека производството на електрична енергија во периодот јануари-март е помало за 2,5 пати во споредба со истиот период минатата година, што потврдува дека земјата е зависна од хидролошката состојба. Како резултат на тоа, земјата е принудена да увезува електрична енергија, која во извештајниот период е со вредност од над 110 милиони евра.

Ситуацијата е уште потешка во време кога потрошувачката на електрична енергија се зголемува од година во година.

Според ИНСТАТ, потрошувачката на електрична енергија од страна на потрошувачите во првиот квартал од 2019 година е зголемена за 2,8 отсто во однос на првиот квартал од 2018 година.

Најголемо влијание врз зголемувањето на потрошувачката на електрична енергија имаат физичките лица, односно домаќинствата.

Би можело да ве интересира

Еди Рама повторно победник на изборите во Албанија

Шпанија и Португалија останаа без електрична енергија

Македонија има стабилен електро преносен систем, тврди Љатифи

ЕДС со нов менаџмент и нови иновативни пакети за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за денеска изнесува 83,02 евра за мегават час, на МЕМО 87,77 евра за мегават час

Снема струја во Порторико