(ВИДЕО) Тасевска: Граѓаните да аплицираат за средства од социјалната реформа

Од:

„Во тек е реализацијата на социјалната реформа со која целосна преобразба добива системот за социјална заштита и трајно извлекуваме од сиромаштија.

Ги повикуваме тричлените семејства со приходи до 11.400 денари, четиричлените семејства со приходи до 13.800 денари и петчлените семејства со приходи до 15.000 денари, веќе од утре да се пријавуваат во локалните центри за социјални работи, за да може надоместоците да ги добијат со исплатата во текот на идниот месец“, рече Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ.

„Со оваа многу значајна социјалната реформа се проширува достапноста на детскиот и образованиот додаток за 20 пати повеќе деца. Освен домаќинствата кои примаат социјална помош право на овие додатоци ќе имаат и други домаќинства.

Детскиот додаток кој го користеа 3.200 деца, сега, со оваа социјална реформа ќе го користат 73.500 деца.

Пристап до образовниот додаток отсега ќе имаат 64.136 деца, наместо како досега, 3.800 дечиња.

Корисниците на Гарантираната минимална помош, за прв пат ќе добијат и детски додаток како и додаток за основно образование. Досегашната програма за условен паричен надоместок за средно образовение, сега се трансформира во право на додаток за образование.

Ја воведуваме и мeрката траен надоместок. Родител кој се грижел за дете со попреченост и не остварил право на пензија по друг основ, може да се стекне со траен надоместок во висина од 8.000 денари месечно.

Обезедуваме и паричен надоместок на плата за оние родители кои го користат правото на надоместок на плата за скратено работно време поради нега на детето со попреченост и најтешки облици на хронични заболувања.

Накрако, социјалната реформа што се спроведува обезбедува повеќе пари кај граѓаните, ја намалува детската сиромаштија и ги унапредува правата на лицата со попреченост.

Ги охрабруваме сите граѓани, кои ги исполнуваат условите, да се пријават со локалните центри за социјална работа за да ги остварат правата што им следуваат“, изјави Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за зголемување на платите на пожарникарите

Горан Наумовски

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ нуди план во три точки за да се реши кризата во Скопје