Во извештајот за Индексот на сиромаштво за 2013 година, се оценува дека Косово, со стапката на невработеност која изнесува 45 проценти, е полошо дури и од Авганистан и Свазиленд, а слично на Зимбабве и Џибути.
Под насловот „Косово држава на беда“ приштинските медиуми го пренесуваат извештајот на њујоршката агенција, која Косово го стави помеѓу 9-те најсиромашни држави на светот.
Цивилното општество на Косово смета дека оценката не е неочекувана.
Новинската агенција „Бизнис Инсајдер“ со седиште во Њујорк, Косово го става на 9-тото место на списокот од 25 најсиромашни држави.
Извештајот е изработен врз основа на податоците на Американската известувачка агенција за нивото на инфлацијата и невработеноста.
Во извештајот Косово има индекс на сиромаштво околу 53 проценти, инфлација од 8 проценти и 45 проценти невработеност.