По неколку недели откако се разгореа гласините, Гугл конечно го претстави својот најнов лаптоп во Chromebook серијата – Chromebook Pixel.
За разлика од претходните, “Chromebook Pixel” е наменет за корисниците кои во потполност користат “cloud”.
Односот на страниците на екранот изнесува 3:2 што според Google е идеално за користење при сурфање на веб. Густината на пикселите е 239 пикели по инч, а екранот e заштитен со Gorilla Glass. Во внатрешноста ќе најдете 1,8 гигахерцен Intel Core i5, има 4 GB RAM, а може да го најдете и со 32 или 64 GB SSD. Од приклучоци, тука се двата USB 2.0 приклучоци, mini DisplayPort приклучок и читачот на мемориски картички. Батеријата декларирано е дека ќе издржи 5 часа.
Преднарачките за Pixel веќе се започнати, а чини 1.300 долари.