А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Пратеничката Затуроска на Проект на ЕУ за поддршка на медиумите во Сараево

by А1он28/05/2019 - 08:12135
Share0

Претседателката на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија, Лилјана Затуроска, денеска, во Сараево, ќе учествува на Регионален проект финансиран од ЕУ за поддршка на медиумите за јавни услуги во Западен Балкан.

Следете a1on на Instagram Instagram

Како што соопштија од собраниската прес-служба, состанокот ќе биде фокусиран на прашањето за финансирањето на медиумите од јавните служби и е продолжение на активноста која што започна со серија од пет национални тркалезни маси, организирани во Белград, Подгорица, Приштина, Сараево и Тирана.

-Овој еднодневен регионален состанок ќе ги собере петте засегнати страни од секоја земја, вклучително и највисокиот менаџмент на националните медиуми и нивните владини тела, претставници на Влади/Парламенти, национални радиодифузни регулатори и претставници на релевантни невладини организации. Покрај тоа, на состанокот ќе присуствуваат и релевантни претставници од општеството на земјата домаќин, се наведува во соопштението.

На конференцијата во Сараево, се додава, делегатите ќе бидат поканети да ги искажат своите ставови за одржливоста на различните пристапи во националниот контекст на кој го опишуваат моделот за кој сметаат дека најдобро ќе функционира на национално ниво. Презентациите се очекува да бидат проследени со три панел-дискусии, од кои секоја ќе се состои од тројца експерти, при што ќе бидат разгледани различни аспекти на различни модели на финансирање. Овој процес се очекува да доведе до договор на регионално ниво за принципите што треба да се применат во секоја од земјите партнери во регионот, стои во соопштението.

Следете a1on на Youtube YouTube
sobranie

Би можело да ве интересира

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Горан Наумовски06/07/2026 - 11:48

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он03/07/2026 - 18:19

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Предраг Петровиќ26/06/2026 - 16:15

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Катерина Ѓуровски26/06/2026 - 14:03

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ19/06/2026 - 12:5419/06/2026 - 13:08

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Горан Наумовски10/06/2026 - 12:30
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто