Европскиот парламент соопшти дека одѕивот на гласачите за ова тело на ЕУ е највисок во последните 20 години и изнесува близу 51 процент, според прелиминарните податоци.
Портпаролот на Европскиот парламент, Жом Душ Жило, рече дека тие податоци ги опфаќаат 27-те земји на ЕУ, но не и Велика Британија, за која се очекуваат во вечерните часови.
-Дојде до изразено зголемување на излезноста првпат од одржување на првите избори за Европскиот парламент во 1979 година, рече Жило.
Изборите за ЕП почнаа во четвртокот со гласање во Велика Британија и Холандија, а завршуваат денеска. Право на глас имаат околу 426 милиони граѓани на ЕУ.