Репрезентацијата на Финска е првиот финалист на Светското хокеарско првенство кое се одржува во Словачка.
Финците попладнево во полуфиналето направија големо изненадување, совладувајќи ја Русија со 1:0. Единствениот гол на натпреварот го постигна капитенот на финскиот национален тим Марко Антила во средината на третата третина.
Русија до овој меч имаше максимален ефект од осум победи на исто толку средби.
Вториот финалист ќе биде познат вечерва по натпреварот Канада – Чешка (почеток во 19:15 часот).