ЕУ: Оваа година над 200 опасни непрехранбени производи

Од:

На европскиот пазар од почетокот на годината биле присутни околу 200 непрехранбени производи за кои се утврдило дека претставуваат сериозен ризик за здравјето и безбедноста на потрошувачите.

Европскиот систем RAPEX во текот на 2012 година речиси 2.000 пати ги предупредил потрошувачите дека некој производ што се наоѓа на полиците во продавниците е неисправен, а над половина од нив пристигнале од Кина.

Бројот на откриени опасни производи на полиците во маркетите секоја година расте, а во случај на десет отсто ризични производи воопшто не се знае земјата на потекло.

Европската комисија со новиот и построг законодавна регулатива планира да го намали бројот на такви производи на пазарот.

Во иднина секој непрехранбен производ кој се пласира на пазарот на ЕУ ќе мора да има потврда кој и каде го произвел, како и името и адресата на производителот на самиот артикл.

Би можело да ве интересира

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

ЕУ ќе претстави патоказ за постепено укинување на увозот на фосилни горива од Русија

„Гардијан“: Орбан се соочува со голем проблем, ЕУ планира да го замолчи

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот