Во центарот на Лион на улицата Виктор Иго, меѓу плоштадот Белкур и железничката станица Лион-Пераш, околу 17 часот и 40 минути експлодира бомба, јавува дописникот на МИА.
Според министерството за внатрешни работи, осум лица се повредени. Експлозивната направа била рачно направена. Овој трговски дел на градот е опколен од силите на редот.
Префектуарта на Лион ја потврди експлозијата и бара поради безбедност на граѓаните да го избегнат овој регион.