Тони Мендез – човекот кој го смисли „Арго“

Од:

Кога прв пат го гледав филмот „Арго“ на десет метри долг екран, како Бен Афлек смирено вели-моето име е Тони Мендез, се „смрзнав“ од страв. За мене тоа беше исклучително искуство, затоа што целата таа приказна беше тајна, максимално сокривана од јавноста. Мојот вистински идентитет беше строго доверлив податок, а за приказната никој не смееше да зборува и да пишува. Разбирливо дека бев шокиран кога Бен (Афлек) го изговори моето име.

Вака зборува Антонио (Тони) Мендез, оперативецот на ЦИА кој ја смисли, ја организираше и ја изведе операцијата „Арго“ која  се смета за една од најсмелите и најдрските акции изведени досега.

Станува збор за операцијата за извлекување на шестмина американски дипломати од Техеран, сокриени во канадаската Амбасада во иранскиот главен град. Тие претходно им побегнаа на припадниците на иранската револуционерна гарда, кои на 4 ноември 1979 година,  насила навлегоа во Амбасадата на САД, земајќи како заложници 62 Америкаци и сите другите кои тој момент се најдоа во зградата на диломатската мисија.

Операцијата што ја изведе Мендез е уште понеобична, затоа што беше спроведена со помош на Холивуд. За потребите на операцијата, таму набрзина беше созадена лажна продуцентска куќа, се користеше едно отфрлено сценарио за филм кој никогаш нема да биде снимен, но чиј наслов Мендез, луѓето од ЦИА и холивудските помошници ќе го употребат за спасувањето на дипломатите, за кои Иранците до пред самото извлекување на дипломатите, не знаеја дека шест луѓе  избегале од Амбасадата пред таа целосно да биде освоена.

Ваквата реакција на Мендез е разбирлива, затоа што триесет години сето тоа беше тајна, а кога еднаш тој направил прилог за операцијата во интерниот весник на ЦИА, наменет само за дел од вработените, морал приказната да ја означи како доверлив материјал. Но и покрај тоа, непосредно пред печатењето, текстот бил повлечен, затоа што шефовите на агенцијата оцениле дека се уште не е време да се обелодени како и на кој начин дипломатите беа изнесени од Техеран.

Мендез се секава дека кога авионот со спасените дипломати слетал на аеродромот во Цирих, службата за безбедност на Стејт департментот која била таму, едниставно ги грабнала луѓето од него, па тие не успеале ниту да се поздрават, ниту да му заблагодарат за своето спасување. Долго време мислел дека операцијата „Арго“ ќе остане засекогаш тајна која ќе ја однесе во гробот. Во Белата кука во Вашингтон, Мендез тајно ќе се сретне со тогашниот американски претседател на САД Џими Картер, а фотосите од таа средба во кабинетот на претседателот за прв пат ќе се појават дури во книгата за операцијата што тој ја напиша со Мат Бељо. Според книгата, во 2012 година е направен филм, што сега ги собира сите филмски награди по светот, па важи  и за главен фаворит за наградата Оскар.

Кога ме повикаа да ми кажат дека ќе се симне забраната од тајната за „Арго“ и дека ќе можам да ја соопштам, јас се исплашив, вели Мендез.

ben-argo

Раскажува како приговорил, зашто на сите да им се даде една од најдобрите приказни на ЦИА. Но директорот на Агенцијата во тој момент, Џорџ Тенет, не мислеше така, па најстрого прикриваната вистна за операцијата за спасување на заложници, во која учествуваа разузнавачи и холивудски филмаџии, конечно можеше да се обелодени, се потсетува Мендез.

Израснал во пустинската американска сојузна држава Невада, заедно со мајка му, сликарка која го уверила дека треба како неа да му се посвети на сликањето  и да го искористи талентот за цртање. Во ЦИА влегува пред се порад обученоста да биде сликар, иако таму не работи како цртач, ниту изработува слики, туку талентот за цртање го користи за фалсификување и за разни измами. Подоцна работи на креирање и изведување на акции или операции кои ќе бидат нетипични за разузнавачите, каква што е и операцијата „Арго“ за која како покритие е користен Холивид.

– Долго работев во секторот кој измислуваше поинакви начини за да може Агенцијата да разреши некој проблем или да реши некој проблем, вели Мендез.

Во својата книга, Мендез зборува и за себе и за својот приватен живот, согласувајќи се дека разузнавачите, или треба да не се женат, или да најдат партнер меѓу луѓето од ЦИА, како што тоа го прават повеќето оперативци. Според Мендез, тоа го олеснува животот, зашто не мора да се лажат семејството и соседите, за тоа што прави и што работи. Неговата втора сопруга, затоа, е негов долгогодишен соработник во ЦИА, за која вели дека многу често ја испраќал на опасни мисии, во опасни земји и региони. Открива и  дека нема земено никаков сувернир од патот во Техеран.

– Брачниот пар Џо и Кети Стафорд, кои беа меѓу шестмината спасени, еднаш ми дадоа на подарок една мала лименка со ирански кавијар, но се покажа дека мојата сопруга ја фрлила во ѓубре.

– Во основа сувенир и не ми треба, доволено е што понекогаш се среќавам со луѓето кои ги спасив, раскажува во својата книга Тони Мендез.

За 50-годишнината на ЦИА, во 1997 година, тој се најде меѓу педесетмината оперативци во најзначаните 50 операции на Агенцијата. Само за него нема ништо каква била таа операција. А за филмот не вели ништо, освен дека Бен Афлик не изгледа доволно добро, за да може да го глуми неговиот лик!

Заточените 62 американски дипломати, остана заложници 444 денови, се до 20 јануари 1981 година, откако претседателот Картер дозволи, во април 1980 година да се изведе една набрзина планирана интервенција за нивно извлекување од Амбасадата со хеликоптерски десант на американските спацијалци.

Операцијата заврши катастрофално, а дипломатите беа ослободени по согласноста на САД да ги одблокира имотите и средставата што беа блокирани по победата на исламистичката револуција во Иран. Од април 1981 година, САД ги прекинаа дипломатските односи со властите во Техеран.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ