Сенатот го потврди именувањето на Кејт Мери Брнс за нов амбасадор во Скопје

Од:

Сенатот на САД со вчерашното гласање го потврди именувањето на Кејт Мари Брнс за нова амбасадорка во Северна Македонија.

Брнс во ноември минатата година беше номинирана од претседателот Трамп за нова амбасадорка на САД во нашата земја, на местото на досегашниот амбасадор Џес Бејли. Пред гласањето во Сенатот таа го помина и филтерот на Комисијата за надворешни односи при Сенатот.

Таа e дипломат од кариера. Досега беше на позицијата заменик шеф на мисијата на САД во Атина. Претходно беше постојан претставник на мисијата на САД во ОБСЕ, во Виена.

Засега не се соопштува кога Брнс се очекува да ја прземе должноста во Амбасадата во Скопје.

Досегашниот американски амбасадор во земјава, Џес Бејли си замина од функцијата на крајот од февруари, годинава.

Би можело да ве интересира

Отповикани седум амбасадори со укази на претседателката Сиљановска Давкова

А1он

Ќе бидат повлечени амбасадорите во чија работа ќе се констатираат нерегуларности, најави Мицкоски

Бомгартнер: Патот по кој треба да се чекори е оној кон ЕУ

Амбасадорот Коп: Во земјава нема вистинска политичка волја за промена

А1он

(ВИДЕО) Францускиот амбасадор во Софија: Целта е да се напишат учебници со заедничка историја

A1on

(ВИДЕО) Француската амбасадорка Робин: Компромисот меѓу Македонија и Бугарија ја гарантира иднината

A1on