Северна Македонија и Црна Гора потпишаа меморандум за соработка во заштитата на животната средина

Од:

Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки и министерот за одржлив развој и туризам на Црна Гора, Павле Радуловиќ во рамки на одржувањето на првата заедничка седница на владите на двете земји, денеска во Подгорица остварија билатерална средба.

Како што соопштија од канцеларијата за комуникации со јавноста на МЖСПП, двајцата министри при тоа потпишаа Меморандум за соработка во областа на заштитата на животната средина и одржливиот развој.

Со потпишувањето на Меморандумот се зајакнува и продлабочува соработката на полето на заштита на животната средина и одржливиот развој меѓу двете држави и се отвора можност за реализација на заеднички проекти на нашиот пат кон ЕУ.

Владината делегација во Подгорица ја предводи премиерот Зоран Заев, а во неа се и Радмила Шекеринска Јанковска, заменик на претседателот на Владата и министер за одбрана, Оливер Спасовски заменик на претседателот на Владата и министер за внатрешни работи, Кочо Анѓушев заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Љупчо Николовски министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Венко Филипче министер за здравство, Горан Сугарески министер за транспорт и врски, Садула Дураки министер за животна средина и просторно планирање и Андреј Жерновски заменик министер за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

Од денес, Црна Гора воведува визи за државјани на пет земји

Од 1 мај стартува авиолинијата Тиват – Скопје

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

Земјотрес ја погоди Црна Гора

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски