Ученици во Австралија и на Нов Зеланд на протести против климатските промени

Од:

Илјадници млади активисти во Австралија и на Нов Зеланд почнаа нов светски протест, повикувајќи ги политичарите и бизнис лидерите да ја забрзаат борбата против штетните гасови за да се спречат климатските промени.

Организаторите на протестите очекуваат од повеќе од еден милион млади луѓе да протестираат во најмалку 110 земји од светот, првично инспирирани од младата Швеѓанка, Грета Тунберг и нејзината акција за итни акции против глобалното затоплување.

-Јас сум загрижена за сите природни катастрофи. Секој пат кога имаме голем пожар, едно животно може да биде истребено, вели Нина Пасквалини, 13-годишна од Мелбурн, на собирот предводен од членовите на групата Бунт против изумирање (XR).
-Владата не прави колку што може. Тоа е извор на страв за помладите генерации, додаде Пасквалини, држејќи транспарент против изградбата на рудник за јаглен во Австралија.

На тој повик, по 14.30 часот ќе им се придружат и средношколци во Хрватска, јавија локалните медиуми.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Технички проблем ги парализираше австралиските аеродроми

Едно дете загина, а неколку се повредени во несреќа во Австралија

Горан Наумовски

Австралиски воспитувач сексуално злоставувал деца

ВИДЕО: Нов напад со нож во Сиднеј – повредени четворица

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Еруптираше вулкан на Нов Зеланд, откажани авионски летови