Евроинтеграцијата на Македонија во пресрет на Самитот на Европскиот совет во јуни 2013 година, како и актуелната ситуација во земјата ќе бидат централни теми на
Како што соопштија МНР и Германската амбасада во Скопје, Вeстервеле ќе се сретне со претседателот на државата Ѓорге Иванов, со заменик-престедателот на Владата за евроинтеграции Фатмир Бесими и со шефот на дипломатијата Никола Попоски. Предвидено е тој да разговара и со претседателот на опозициската СДСМ Бранко Црвенковски.
Пред пристигнувањето во Скопје, Вестервеле вчера попладне, телефонски разговарал со премиерот Никола Груевски.
– Во функција на одличните односи помеѓу двете земји, премиерот Груевски оствари телефонски разговор со министерот Вестервеле, во кој беа опфатени повеќе теми од заеднички интерес, меѓу кои и предизвиците со кои се соочува Република Македонија, во контекст на европските и евроатлантски интеграции. Премиерот Груевски изразувајќи голема благодарност за поддршката која Германија и ја дава на земјава во повеќе сфери, а посебно во европските и евроатлантски интеграции и во реформскиот процес кој го спроведуваме, ја истакна и својата подготвеност да продолжи со остварувањето на нашите стратешки определби, и оддржувањето стабилна реформска агенда на државата на принципиелни основи, информира владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Тој објасни дека премиерот Груевски е во постојана комуникација и со германската колешка, канцеларката Ангела Меркел која, како и Вестервеле е голем поддржувач на Македонија.
– Во договор со кабинетот на Вестервеле се истакна меѓусебната подготвеност таа соработка да продолжи и да се продлабочи, а тие да остварат средба во првата следна прилика во период, кој одговара на двајцата и ќе биде во функција на засилување на меѓусебната соработка и поддршка, вели Ѓорѓиев.
За време на разговорите со државното раководство се очекува да бидат разгледани и можностите за интензивирање на билатералните односи и економската соработка меѓу двете земји.
– Германија се гледа како еден од клучните партнери на земјите од Западен Балкан. Во согласност со европските партнери, министерот Вестервеле ќе ја искористи посетата за потврдување на очекувањата поврзани со реформските процеси во земјите од регионот и нивно унапредување, се вели во соопштението од Амбасадата.
Вестервеле во Македонија доаѓа од Албанија, која ја посети во рамки на неговата мини турнеја во регионот.