Фејсбук и се извини на 104-годишна старица затоа што и ја менува годината на раѓање

Од:

Фејсбук упати извинување поради проблемот кој и го направи на 104-годишна жена од Мичиген да изгледа дека лаже за нејзината вистинска возраст на таа социјална мрежа.

Внуката на старицата Маргарет Џозеф изјави дека Фејсбук не дава можност Џозеф да ја објави нејзината вистинска возраст.

Геил Марлоу тврди дека кога се обидела да ја впише 1908 година како година на раѓањето на нејзината баба, Фејсбук ја сменил на 1928 година. Така изминатите две години таа беше прикажувана како 99-годишна.

Џозеф е слепа и со оштетен слух, но Марлоу ги чита и одговара на сите нејзини Фејсбук пораки. Марлоу изјави за WDIC-TV дека би „сакала да ги види“ вистинските години на Џозеф на Фејсбук, а нивното неприкажување го  препиша на „грешка во системот“.

Портпаролот на Фејсбук Ендрју Нојс изјави дека социјалната мрежа работи на поправање на проблемот поради кој се лимитирани годините на раѓање од пред 1910 година.

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

ФТ: Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции

Ана Ололовска

Твитер недостапен во Русија, проблеми и со Фејсбук и Инстаграм

Ана Ололовска

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми реклами и монетизација на платформата

Ана Ололовска

Русија делумно го ограничи пристапот до Фејсбук

А1он