Ерол Муслиу – нов директор на Агенцијата за разузнавање

Од:

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски го назначи Ерол Муслиу за нов директор на Агенција за разузнавање, информираат од кабинетот на шефот на државата.

Муслиу порано работел во Управата за безбедност и контраразузнавање, а во последниве години во Агенцијата за разузнавање.

Претседателот Пендаровски во наредните денови ќе назначи и свои членови во националниот Совет за безбедност.

Советот за безбедност го сочинуваат претседателот на државата, претседателот на Собранието, премиерот, министрите кои раководат со органите на државната управа од областа на безбедноста, одбраната и надворешните работи, како и тројца членови назначени од шефот на државата.

Би можело да ве интересира

Разузнавачките служби ќе функционираат во една агенција

ДУИ: Скандалите немаат крај, нема ниеден Албанец во раководството на Агенцијата за разузнавање

Претседателката Сиљановска Давкова ја именуваше Габриела Јаковлева за директорка на Агенцијата за разузнавање

Предраг Петровиќ

Николовски: Не добивме кредибилен демант дека не се следат комуникациите на граѓаните во Македонија

А1он

Промени во начинот на работење на Националната служба за разузнавање на Грција

А1он

Кина, Русија, Иран се главните закани за САД во 2021 година, сметаат американските разузнавачи

Жарко Настоски