ОН одбиваат да им исплатат компензација на Хаити за епидемијата на колера

Од:

Обединетите нации го отфрлија барањето за компензирање на штетите, побарани од над пет илјади лица кои настрадале од епидемијата на колера на Хаити.

Барањето беше доставено во ноември 2011 година од бостонската организација за заштита на човековите права „Правда и демократија за Хаити“. Во барањето се посочува дека ОН и мировниот контингент на Светската организација се одговорни поради недостигот на стриктни контроли при најмувањето војници во мировниот контигнет.

Истражувањата спроведени пред предавањето на барањето, покажуваат дека епидемијата од колера била предизвикана од војници од контингентот на ОН, кои ја донеле болеста на Хаити.

Во барањето се инсистира за компензација во износ од најмалку сто илјади долари за секое од семејствата на починатите од колера и по 50 илјади долари за секој од заболените од таа болест.

ОН официјално се повикува на дипломатскиот имунитет на вработените во организацијата.

Колерата, која избувна во 2010 година на Хаити погоди вкупно 20 илјади лица, од кои починаа 7.750.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Инцидент на Хаити: Во авион е пукано при слетување, има и ранети

Горан Наумовски

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Загинаа 11 затвореници во обид за бегство од затвор на Хаити

A1on

Најмалку 40 загинати во пожар кај Хаити поради вуду ритуал

Хаити се бори со банди, нема доволно полицајци, сменет е шефот на полицијата

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот