(ВИДЕО) Трендафилов: Охрид пред нас се топи, Мицкоски и Заев си прават политики за да си ги полнат џебовите

Од:

Михаил Трендафилов Нанче како член на граѓанското здружение „Совест“, на денешниот протест пред општината Охрид пред граѓаните изјави дека охриѓани треба масовно да излезат на протест против изградба на Алипашината џамија од причина што истата се гради противзаконски.

-Треба да се собереме цел Охрид, ова е работа на сите охриѓани, ова не е за партии. Не е важно кој е СДСМ кој е ВМРО-ДПМНЕ, ние како охриѓани треба да и покажеме на цела Македонија како треба. Не е работата само да се седи на Фејсбук и да се кажува, треба да се излезе на улица. Сега има апсолутна власт, претседател, премиер, градоначалник, ние што треба да правиме, да се биеме ли со власта или Албанците? Охрид пред наши очи се топи, ова е мала работа, ама многу кажува. Тие сакаат да ни ја стават џамијата за да ни кажат колку се големи. Во Охрид 90 отсто сме христијани 10 отсто се муслимани и тие командуваат и се појаки од нас затоа што ВМРО- ДПМНЕ и СДСМ за нивни лукративни цели си прават политики за да ги полнат криминално џебовите. Ни треба коалиција помеѓу Заев и Мицкоски или Македонија ќе ја изгубиме, рече Трендафилов.

Денеска пред зградата на општината, охриѓани излегоа на протест да го искажат својот револт од, како што велат, незаконската изградба на Алипашината џамија. Тие упатија неколку барања до актуелниот градоначалник меѓу кои и итно запирање со градбата од причина што истата се врши без никаква дозвола.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје

Инцидент на блокадата во Нови Сад: Беа кренати знамињата на ЕУ, па започна турканица

Горан Наумовски

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Нов протест поради трагедијата во Нови Сад, се бараат оставки: „Народот е гладен за правда“

Горан Наумовски

Протест на опозицијата во Белград