„Во централното градско подрачје на Охрид се случува атак врз достоинството и чувствата на охриѓани преку агресивна и нелегална реализација на градба заштитена со закон Алипашината џамија која има за цел да ги промени физионимијата и карактерот на градот, а зад која стојат цели и стратегии кои не се добронамерни и во чија реализација учествуваат институциите на државата. Управата за заштита на културното наследство, Републичката урбанистичка и градежна инспекција и судот не се на ниво на своите надлежности и не покажуваат решеност да стават мораториум на градбата која веќе е прогласена како нелегална“, рече Сашо Михајловски од „Совест“.
Граѓаните ги повикаа државните институции, градоначалникот Константин Геориевски и премиерот да ги преземат сите уставни надлежности и правдата, законитоста и легалноста да важат за сите. Тие до властите упатија пет барања.
„Заштитата на Алипашината џамија е од врвен интерес на граѓаните на Охрид и државата. Во име на тоа го повикуваме градоначалникот на Охрид јавно да ја повика Републичката урбанистичка и градежна инспекција да донесе извршни решенија за забрана на градежните активности на Алипашината џамија. Да се повика УЗНК да ја оцени важноста на конзерваторското одобрение, ИВЗ која е инвеститор да не се однесува своеволно и надвор од легислативата со која се уредува градењето во државата, да се побара од инвеститорот да ја прилагоди својата инвеститорска цел и истата да биде ускладена со програмската рамка и ограничувања опфтени со ПЦГП на Охрид водејќи сметка за чувствителноста на несразмерно поголемиот дел на граѓаните од Охрид и Оштина Охрид и институциите од кулурата да изработат предлог до инвеститорот за пренамена на објектот Џамија во центар на исламската култура и изработка на проект за партерно уредување на просторот околу објектот кој ќе биде своевидна експозиција на сите историски и културни слоеви на локалитетот“ рече Михајловски.
Од здружението потенцираа дека будно ќе ги следат заложбите на државните институции и дека нема да престанат со протести додека не се исполнат нивните барања.
Виктор Јованов