ВМРО-ДПМНЕ: Земјоделците се жртва на манипулациите и лагите на СДСМ, затоа СДСМ мора веднаш да си замине.

Од:

СДСМ создаде хаос во земјоделието во Република Македонија. Нема ништо од ветувањата на власта, а земјоделците се понижени и се наоѓаат на работ на егзинстенција. СДСМ покажа целосна негрижа за македонското земјоделие и македонскиот земјоделец. Откако е СДСМ на власт земјоделието тоне, како и се останато во државата, реагира ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Татјана Прентовиќ од СДСМ.

“СДСМ ветуваше повисоки субвенции, отворање на нови пазари, загарантиран откуп како и повисоки цени за земјоделските производи, но ништо
од тоа не оствари. Субвенциите се намалени, откуп речиси и да немаше, откупните цени беа најниски во историјата на државата, а од новите пазари ни трага на глас.

Зоран Заев пред изборите ветуваше дека откупувачите ќе се тепаат кој повеќе да откупи и тоа со повисоки цени, но сведоци бевме како земјоделските производи скапуваа на нивите или беа истурани по улиците и реките затоа што немаше кој да ги откупи.

Не постои земјоделец кој немаше проблеми со откупот. Цените беа понижувачки и ни малку не им ги вратија на земјоделците вложените пари и труд, а камо ли нешто да остане за да се посее следната година.

Производителите на јаболка ги сечеа дрвјата затоа што откупна цена на јаболкото беше еден денар за килограм јаболко, а на улица завршија и сливите, праските, оризот, лубеницата, пченицата како и раноградинарските производи.

Додека земјоделците мака мачат како да преживеат како резултат на неисполнетите ветувања и неспособноста на власта, министерот за земјоделие Николовски се шеташе во Дубаи и се фалеше како пазарува скапи и брендирани парчиња облека и патики.

СДСМ покажа дека воопшто не се грижи проблемите на земјоделците и земјоделието во Македонија. Земјоделците се жртва на манипулациите и лагите на СДСМ, затоа СДСМ мора веднаш да си замине.”, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница