Анагностопулу: Новите гранични премини се нови мостови на пријателство и соработка на Балканот

Од:

Двата гранични премини со Северна Македонија се нови мостови на пријателство и соработка на Балканот што се градат со цврсти материјали и план за развој, просперитет, солидарност и мир во нашето соседство, вели алтернативната министерка за надворешни работи на Грција, Сиа Анагностопулу за грчката новинска агенција АНА-МПА во врска со новите гранични премини.

Анагностопулу потенцира дека задоволството изразено од претставниците на локалното население во грчката област Македонија, по изгласувањето на законите, „несомнено покажува дека дојде време во пракса да ја видиме придобивката од Договорот од Преспа“.

– Граничниот премин што ќе ги поврзе Лемос кај Преспа во Грција и Маркова Нога во Република Северна Македонија одговара на над 50-годишното барање, барање што станува реалност благодарение на Договорот за Преспа. Во новата ера што започнува, конечно се задоволува ова долгогодишно барање, на начин на кој ќе ја ослободи големата динамика што се регистрира во туризмот, земјоделството, културните размени, кои до вчера наидуваа на пречки во кратковидните логики на интровертноста. Граничниот премин кај Лемос Преспа, како и оној што ќе ги поврзе Промахи, Пела со Мајден во Северна Македонија се нови мостови на пријателство и соработка на Балканот што се градат со цврсти материјали и план за развој, просперитет, солидарност и мир во нашето соседство, вели Анагностопулу за АНА-МПА.

Грчкиот Парламент, во средата, со гласовите од СИРИЗА, Река и Демократска алијанса, ги изгласа нацрт законите од Министерството за надворешни работи на Грција за Договорите за отворање на нови гранични премини кај Маркова нога и Мајден меѓу Северна Македонија и Грција.

Би можело да ве интересира

Почна големата акција „72 часа чисто Скопје“

Предраг Петровиќ

Забрана за користење на водата за пиење во Берово поради зголемено присуство на манган

Попладнево се вршат претреси на повеќе локации поради сомнежи за корупција

Предраг Петровиќ

Јаревски: Стевчо Јакимовски е алиби мајстор кој се плаши од ревизија бидејќи е свесен дека ќе излезат на виделина злоупотребите што ги правел

Случај „Онкологија 2“: Обвинителството тврди за финансиски малверзации и незаконско постапување со терапијата, за одбраната обвинителниот акт е нејасен и незаконит

Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска на увид во реконструкцијата на објектот на месната заедница во Пинтија

Предраг Петровиќ