Во Тел Авив, Израел, се одржува финалната вечер на 64. Евровизија. Настапуваат 26 земји, а ќе можат да гласаат сите учесници, односно 41 земја.
Прва на финалната вечер ќе настапи претставничката на Малта, Микела со песната „Chameleon“, а последен ќе настапи шпанскиот претставник Мики со песната „La Venda“.
Тамара Тодевска со песната „Proud“ е под реден број 8.
Aвтори на песната „Proud“ се Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски, а текстот е на Коста Петров и Сања Поповска. Придружни вокали се Александра Јанева, Антонија Гиговска и Васил Гарванлиев.
Како специјален гостин на финалната вечер на 64. Евровизија ќе настапи 60-годишната поп ѕвезда Мадона.