Шпанија ја совлада Франција со 2:0 во четвртфиналето на Европското фудбалско првенство. Потписник на третиот пласман на „фуријата” во полуфинале на ЕП беше Чаби Алонсо.
Погоди во 19. минута со глава и во првата минута од судиското продолжение од белата точка за уривање на „триколорите” и обезбедување на дуел со Португалија на патот кон одбрана на тронот.
Шпанците урнаа и една непријатна традиција во дусирите со вечерашниот ривал. Ја остварија премиерната победа во седмото соочување од натпреварувачки карактер на завршните турнири (ЕП, СП и квалификации) по петте порази и реми во шесте досегашни пресметки.
Утре на програмата е последното чевртфинале помеѓу Англија и Италија.