Промовирани нови простории на факултетот ФИКТ во Битола

Од:

Факултетот за информатички и комуникациски технологии-ФИКТ кој работи во состав на Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола, од денес продолжува да работи во нови простории.

Новиот современ објект свечено го отворија ректорот на УКЛО, Сашо Коруновски и деканот на ФИКТ-Битола, Игор Неделковски со соработниците.

-Факултетите за информатички и комуникациски технологии се јадрата од каде што почнува развојот на еден универзитет. Тоа се места каде што се откриваат новите технологии и се ставаат во употреба. Сигурен сум дека ФИКТ и овој модерен објект имаат перспектива и со гордост ќе го промовираат нашиот Универзитет. Универзитетот рационално и наменски ги користи сите средства што ги добива од државата, за да градот и универзитетот бидат во функција на регионот и развојот на државата, истакна ректорот Коруновски на свеченоста во Битола.

Факултетот за информатички и комуникациски технологии-ФИКТ почна со работа во 2014 година и досега беше сместен во еден од адаптираните објекти на поранешната битолска касарна.

-Сонот стана јаве. Почнуваме со работа во новите простории, а првиот настан е натпревар во програмирање за средношколци со што ја акцентираме соработката на универзитетот со средните училишта, но и со ИТ-индустријата, бидејќи на овој натпревар како евалуатори учествуваат и претставници на ИТ-индустријата. Во Битола пристигнаа 19 тимови од повеќе македонски градови, оценувањето ќе го врши посебна комисија која за најдобрите ќе додели награди и признанија, посочи деканот на ФИКТ, Игор Неделковски.

Новата зграда на ФИКТ има нова опрема, повеќе компјутерски училници и лабаратории. Од ФИКТ најавија дека ќе објават повик до ИТ-компании да финансираат во опремување на лабаратории.

-Среќни сме што за нашата професија има „глад“ од квалитетен кадар и очекуваме компаниите да покажат интерес за заеднички лабаратории на ФИКТ, нагласи Неделковски на промотивниот настан во овој Битола.

Би можело да ве интересира

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра