Петтото продолжение на франшизата „Die Hard“, многу и се допдна на публиката која се уште сака да го гледа Брус Вилис во улогата на Џон Меклејн.
„A Good Day to Die Hard“ заработи 25 милиони долари и со тоа успеа да ги престигне неколкуте други нови филмови кои претендираа за првото место. Филмот на Вилис не постигна добар успех само дома туку и во светски рамки, па така засега филмот вкупно има заработено 113 милиони долари.
„Identity Thief“ кој минатата недела беше на првата позиција, оваа недела се најде на второто место, а романтичниот филм „Safe Haven“ со Џош Духамел и Џулиен Хју во главните улоги се најде на третата позиција.
Бокс-офисот за изминатиов викенд:
1. „A Good Day to Die Hard“ – 25 мил.долари
2. „Identity Thief“ – 23,4 мил.долари
3. „Safe Haven“ – 21,4 мил.долари
4. „Escape from Planet Earth“ – 16,1 мил.долари
5. „Warm Bodies“ – 9 мил.долари