Тајван стана првата азиска држава што легализира истополови бракови

Од:

Тајванските парламентарци денеска одобрија закон за истополови бракови, со што Тајван стана првата азиска држава што го направила тоа, јави ДПА.

Законот ќе им овозможи на истополовите двојки да го регистрираат својот брак од 24 мај. Законот е прифатен после одлука на Уставниот суд од 2017 година кој и нареди на Владата за две години да изгласа закони кои ќе овозможат еднакви права за истополовите двојки.

Десетици илјади приврзаници на истополовите бракови славеа пред Парламентот во центарот на Тајпеј откако беше изгласан законот.

Конзервативните противници на легализацијата на истополовите бракови сакаа да протуркаат ублажен облик на законот кој не легализира брак туку истополово партнерство, но нивниот предлог беше одбиен. Врховниот суд одлучи дека забраната на истополовите бракови е противуставна, а на Владата и даде време до денеска да ги легализира истополовите бракови.

Би можело да ве интересира

Условна казна за скопјанец кој нападна припадник на ЛГБТ заедницата

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Земјотрес го погоди Тајван

Тајван: Ако Кина сака наша територија, треба да побара и земја од Русија

Кина воведе санкции за шест американски компании за продажба на оружје на Тајван

Кина воено ја тестира својата способност да го окупира Тајван